Екипите на „Јавна хигиена“ и „ Паркови и зеленило“, деновиве, започнаа активности за расчистување на тротоарите во централното подрачје и периферните делови од градот. Тротоарите темелно се расчистуваат од наносите од песок и земја и од изникнатата трева и останата ниска вегетација, а се уредува и зелениот појас околу коловозите.

– Со овие припремни подготовки ќе се овозможи  полесно одржување на тротоарите во пролетниот период, велат од ЈП „Охридски комуналец“.

Денеска се одвиваат активностите на „Булевар АСНОМ“ и ул „ Марко Цепенков“, а во наредните денови ќе се продолжи на останатите сообраќајници во градот.

OhridNews