Ј.П.”Охридски Комуналец” деновиве ја започа акцијата за расчистување на малите депонии  на подрачјето на село Лескоец.


Од Јавното претпријатие велат дека на неколку локалитети во атарот на селото се  натрупани  огромни количини од пластика, градежен шут и друг вид отпад, а за нивно расчистување се ангажирани 10 работници и дел од специјалната механизација.


Оваа акција е дел од редовните активности околу одржувањето на хигиената  и чистење на дивите депонии во градот и околните населби.

Ohridnews