Ракометната репрезентација на Македонија денеска со почеток во 18 часот во Србија против истоимената селекција ќе го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период за Европското првенство во Хрватска
„Црвените жолтите“ синоќа со 37-21 ја совладаа Саудиска Арабија, но генералката за престојниот континентален собир во Хрватска ќе ја има со Србија. Мечот започнува во 18 часот, а пренос во живо ќе има националниот сервис „Телма“, каде ќе се емитуваат и мечевите од ЕП.
Македонија во групата на ЕП силите ќе ги одмери со Словенија, Германија и Црна Гора, додека Србија ќе се сретне со Хрватска, Шведска и Исланд.
OhridNews