Екипите на Јавна хигиена и Јавно Зеленило при ЈП ,,Охридски Kомуналец” започнаа заедничка акција за генерално чистење и одржување на јавната чистота во приградските населби на територијата на општина Охрид.

Акцијата, која ќе трае подолг временски период започна вчера, во селото Пештани, а во наредните денови ќе бидат опфатени Коњско, Елшани, Лагадин, Трпејца, Љубаништа, Велгошти, Лескоец, Косел и Подмоље.


Од населбите ќе се расчистува и подига комунален и друг вид отпад, а исто така ќе се спроведе и хортикултурно одржување односно косење трева, отстранување на суви гранки и дрвја.

OhridNews