Бранителот на трофејот во францускиот шампионот Пари Сент Жермен забележа минимална победа (1-0) во дербито со Лион. Победникот на „Групама“ стадионот го одлучи Нејмар. Бразилецот изведе генијален дриблинг и со одмерен удар ја погоди мрежата на противникот за голем триумф.

Нејмар, полека ја надминува кризата и се зближува со навивачите од ПСЖ, откако го навлече гневот после јавното барање да го напушти клубот. Бразилскиот интернационален беше исвиркуван на домашен терен, но на последните два натпревари токму тој е стрелец на победничките погодоци.

OhridNews