Со пригодни настани и обраќања и полагање цвеќе пред спомен обележјата на македонските херои, Охрид денеска го одбележува 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба.
По тој повод градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до граѓаните:

Делата на македонските револуционери оставиле неизбришливи траги во македонската историја и се основата на сите подоцнежни триумфи и победи .Славејќи ја нивната пожртвуваност за слобода и независност, уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ продолжува да чекори напред. Нивните дела не поттикнуваат, да ја градиме нашава слободна, суверена и самостојна земја како економски просперитетна држава која се стреми да биде рамноправна единка во големото европско семејство.
Нека е честит 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба! – стои во празничната честитка на градоначалникот Георгиески.
По повод 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба, делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк.
Пред спомен обележјата на великаните се поклонија и претставници од Сојузот на Борците од НОБ и други.
OhridNews















