Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на упати честитка до граѓаните по повод Денот на Републиката, 2 Август.

Многу години по Илинденското востание и Првото Заседание на АСНОМ чекорејќи по стапките и водејќи се според идеалите на нашите херои, обединети и сложни продолжуваме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество. Рамо до рамо со модерните демократски држави сме дел од НАТО и смело чекориме кон рамноправно членство во Европската Унија. Продолжуваме посветено и одговорно да ја надградуваме и развиваме нашата татковина во сите сегменти од општественото живеење со цел да обезбедиме подобра иднина за сите нас и нашите поколенија. Нека ни е честит и вековит 2-ри август, Денот на Републиката! – се вели во празничната честитка на градоначалникот Георгиески.
OhridNews











