Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, оствари средба со директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку. На средбата се разговараше околу проектот на ЦУК-воведувањето на единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, Итната помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112.
За таа цел ЦУК ќе формира осум регионални кол центри, од кои еден од нив ќе биде лоциран во Охрид, а главниот ќе биде во Скопје. Улогата на општина Охрид во имплементацијата на проектот е обезбедување на просторни услови од каде ќе оперира регионалниот центар.
Предвидено е проектот да профункционира до крајот на 2020 година.
OhridNews