Верувам дека ќе го оствариме сонот на на сите генерации за полноправно членство во ЕУ. Ова, меѓу другото, го истакнува градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во честитката по повод 9 Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Тој упати честитка и до Делегацијата на Европската Унија во земјата, како стратешки партнер за поддршка на патот кон интеграциите.
Република Северна Македонија преку храбри чекори покажа и докажа дека е подготвена да биде дел од големото европско семејство. Суштината на сите реформски процеси е да достигнеме повисоко ниво на развој и да воведеме врвни европски стандарди. Верувам дека ќе продолжиме силно да чекориме напред и дека ќе ги вложиме сите наши дипломатски капацитети за побрзо остварување на сонот на сите генерации, а тоа е рамноправно членство во Европската Унија. – се вели во честитката на градоначалникот Георгиески, по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
OhridNews












