Градоначалникот Константин Георгиески информира дека надлежните служби при локалната самоуправа будно следат до каде е постапката за отстранување на нелегално изградените објекти, чии сопственици се изјасниле дека сами ќе ги отстрануваат.

  • Ќе направиме контролни записници и ќе видиме дали сопствениците постапиле или не. Ако не постапиле, ние ќе се водиме според нашите законски обврски и како општина ќе преземеме активности за отстранување, рече Георгиески.

Во врска со дивоградбите во националниот парк Галичица, градоначалникот вели дека според извршената евиденција, има околу 29 нелегално изградени објекти кои се наоѓаат во заштитен појас, во зоната од 50 метри од езерото и кои по никој основ не може да се легализираат.

OhridNews