Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески со честитка до граѓаните по повод празникот на трудот 1 мај.
„Ви го честитам празникот со желби за успех во работата, напредување во кариерата, вреднување на Вашиот труд и остварување на Вашите права. Сите ние заедно, сме должни да се бориме, да ги штитиме и унапредуваме правата, бидејќи работникот е нераскинлива алка во општествените и стопански текови. Секогаш бидете горди и посветени на она што го работите, бидејќи трудот и посветеноста се најголеми вредности и двигатели на иднината“, стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.
OhridNews












