Покрај Горан Пандев, кој настапува во италијанскиот калчолигаш Наполи, Македонија доби уште еден преставник во Лигата на Шампиони во името на Даниел Георгиевски.


На романската Стеуа му се насмевна правилото „гол во гости“ и обезбеди пласман во групната фаза од ЛШ. Првиот меч одигран во Романија заврши 1-1 додека реванш дуелот со Легија на гостински терен 2-2 што значеше виза за долга европска зима. Во прелиминарните квалификации Стеуа го елиминираше македонскиот првак Вардар.

Резултати : Арсенал – Фенербахче 2-0 (5-0), Австрија Виена – Димано Загреб 2-3 (4-3), Базел – Лудогорец 2-0 (6-2), Легиа – Стеуа 2-2 (3-3), Паок – Шалке 2-3 (3-4).