Нов капитен на тетовскиот прволигаш ќе биде голманот Јорде Георгиевски. Покрај капитенската лента, во новата сезона Јорде ќе има и нов број. Се работи за дресот со број “10“ број кој најчесто го носат “плејмејкерите“ во клубот“.

Само јас и Буфон имаме вакви бројки, вели низ смеа Георгиевски, алудирајки на новиот број во новата сезона.

Тетекс во пријателска средба беше подобар од Пелистер со 1-0. “Штофарите“ остануваат во Охрид до среда кога ги завршуваат подготовките. На “бегање“ ќе одиграат уште една пријателска средба и тоа со Напредок во Кичево.

М.П.