Тој потсети на реализираните капитални инвестиции во Охрид посочувајќи дека неговата влада направила проект Охрид 2000 само што никаде по медиумите не го изрекламирале.
Георгиевски нагласи дека враќање на економскиот сјај на Рапублика Македонија, нејзино брзо интегрирање во НАТО и Европската унија и враќање на демократијата ќе бидат главните столбови на ВМРО – Народна партија на претстојните предвремени парламентарни избори.
– Мислам дека некои принципи на демократијата мора да бидат вратени назад во Македонија. Мора да се направи еден цел корпус, за што ние ќе зборуваме во изборната кампања, од казнените, прекршочни мерки, од односот кон медиумите, односот кон притворите, затворите, судењата, мораме да ја смениме филозофијата на демократијата – рече Георгиевски.
Во рамки на посетата на охридскиот регион почесниот претстедател на ВМРО НП се сретна и со жителите на Пештани и Елшани, а присуствуваше и на забавата на членовите на Унијата на млади сили во Охрид.