Три победи и еден пораз, е исходот на македонските интернационалци во европските првенства. Даниел Георгиевски стрелаше прецизно за Шибеник во победата над Интер Запрешиќ.

Илчо Наумоски го одигра целиот меч во гостинскиот триумф на Матерзбург кај Адмира 1-0. Никола Глигоров од клупата го проследи натпреварот на Алки со Олимпијакос, во меч со пресврти на крајот Алки се радуваше на победата.

Македонскиот репрезентативец Александар Тодоровски, претпрпеа пораз од 2-1 на домашен терен од Лоџ. Бекот на “црвено жолтите“ одигра 80 минути, а заработи жолт картон.

Репрезентативниот голман Томе  Пачовски, Александар Трајковски и Христијан Кировски беа само гледачи во поразите на нивните екипи.

ВБ/Мх.П.