Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија, на кои неговата партија ГЕРБ освои32,6 отсто од гласовите пред Бугарската социјалистичка партија(БСП) со 26,8 отсто. По пребројаните речиси 90 отсто од гласовите, изборната комисија објави дека на трето место со 9,2 отсто гласови е националистичкиот блок Обединети патриоти, сојуз на неколку антиевропски партии кои сакаат да спречат населување во земјата.

Во парламентот би требало да влезат уште две партии, МРФ на бугарските Турци со 8,9 отсто од гласовите и популистичката партија „Волја“, која освои 4,1 отсто од гласовите. Изборната победа на ГЕРБ пред БСП би требало да му овозможи на Борисов трет премиерски мандат. Поранешниот 57 годишен премиер во недела навечер прогласи победа и најави консултации со цел „брзо формирање на влада“.

„Овој резултат покажува категорично дека ГЕРБ треба да биде водечка владејачка партија“, рече Борисов, при тоа додавајќи дека ќе направи „краен напор“ со потенцијалните партнери што побрзо да направи влада.

OhridNews
извор Макфакс