Велшанецот Герет Бејл од Тотенхем ја доби наградата за најдобар играч на годината во Англија според Асоцијацијата на професионални фудбалери. Бејл победи во конкуренција на  Самир Насри, Карлос Тевез, Немања Видиќ, Рафаел ван дер Варт,  Чарли Адам и Скот Паркер.


21-годишниот Бејл е четвртиот велшанец кој ја освоил оваа престижна награда по Рајан Гигс, Марк Хјуз (двократен победник) и Jан Раш. Бејл воедно е првиот играч на лондонскиот премиерлигаш од Вајт Харт Лејн кој ја добива оваа награда по французинот Давид Жинола во 1999-та година.
Идеалниот тим во Премиер лигата за оваа сезона го сочинуваат : Едвин ван дер Сар (Манчестер Јунајтед) – Бакари Сања (Арсенал), Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед), Винсент Компани (Манчестер Сити), Ешли Кол (Челси) – Луис Нани (Манчестер Јунајтед), Самир Насри (Арсенал), Џек Вилшер (Арсенал), Герет Бејл (Тотенхем) – Карлос Тевез (Манчестер Сити), Димитар Бербатов (Манчестер Јунајтед).

Ohridnews