Мнозинството Германци сметаат дека актуелната сезона во Бундеслигата треба да се доигра без присуство на фудбалски навивачи на стадионите, покажува испитувањето на јавното мислење на Институтот „YouGov“, нарачано од новинската агенција ДПА.

Според резултатите од анкетата, 61 отсто од испитаниците не се согласуваат фудбалските навивачи да се вратат на стадионите пред крајот на мај, кога завршува германското првенство. Од друга страна, враќање на фудбалската публика поддржуваат 23 отсто од анкетираните.

Германската канцеларка Ангела Меркел в среда треба да разговара со покраинските власти за мерките како да продолжи справувањето со ширењето на коронавирус во земјата.

OhridNews