Германецот Томас Бах е новиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), беше одлучено со тајнот гласање на годишното собрание, пренесува „Макфакс“.
Бах претходно беше потпретседател на МОК и во пресрет на изборите во Буенос Аирес беше главен фаворит за наследник на Жак Рог.
Германецот е поранешен висок функционер на компанијата Адидас, а член на МОК е од 1991 година.
Томас Бах е поранешен успешен германски репрезентативец во мечување, во 1976 година на олимпијадата во Монтреал освоил златен медал.
Против кандидати на Бах му беа Порториканецот Ричард Карион и Нг Сер Мијанг од Сингапур.
Инаку, Карион го консилидира финансискоот работење на МОК, а неодамна потпиша рекорден телевизиски договор со американската куќа NBA вреден пет милијарди долари.
Деветтиот претседател на МОК го избраа 102-ца членови, во процедура слична на онаа со која се избира домаќин на ОИ.
Томас Бах е осмиот Европеец на чело на МОК, единствен кој бил претседател на МОК а не е од Европа е Американецот Ејвери Брандиж.
OhridNews
извор:„Макфакс“