Најмалку едно лице го загубило животот во силното невреме кое го зафати северниот дел на Германија. Поради невремето прекинат е железничкиот сообраќај помеѓу неколку градови во овој дел на државата, соопшти полицијата. Еден човек на возраст од 50 години загинал кога дрво паднало врз неговиот автомобил во градот Уелцен, јужно од Хамбург. Дрвото тешко повредило и еден велосипедист, кој се движел по истиот пат.

Железничките врски помеѓу Хамбург, Берлин, Бремен, Кил и Хановер се прекинати поради силниот дожд и дрвата кои паднале на пругата. Во Хамбург дури се формирал и торнадо и тоа на десетина километри од аеродромот.

Во јужниот дел од градот биле оштетени многу покриви.

OhridNews
Извор: Макфакс