Покрај Трофејот Македонија и мечевите со Црна Гора и со Нов Зеланд, МКФ договори уште два контролни меча и тоа против Германија кои ќе се играат непосредно пред стартот на ЕП во Литванија.

Првиот меч со Германците ќе биде на 26 август во Минхен, а вториот во Берлин два дена подоцна. По овој меч репрезентацијата ќе отпатува директно за Литванија. За “панцирите“ на овие два натпревари ќе настапат најдобриот НБА играч во минатата сезона Дирк Новицки и Крис Кејман од Л.А. Клиперс.


Германците ќе бидат вистински репер за подготвеноста на Македонија за ЕП, бидејки оваа репрезентација и без Новицки и Кејман успеа да ја победи Србија.     

–  „Овие натпревари ќе ни бидат добредојдени, бидејки преку повеќе мечеви подобро ќе ја воиграме репрезентацијата за да ја постигнеме посакуваната форма“ изјави селекторот Марин Докузовски.

извор „Макфакс“
ohridnews