Германија ја совлада Холандија со 2-1 и направи голем чекор кон пласман во нок аут фазата од Европскиот шампионат.


Избраниците на Јоаким Лев одигра меч како по ноти не оставајќи простор за “лалиња“ кои ни од далеку не ја оправдаа фаворитската улога во првите две рунди.


Наспроти нив, “панцирите“ ги исполнија сите задачи на Лев, и со головите на Супер Марио Гомез стигнаа до убедлива предност од 2-0 по првиот дел. Во вториот имаа уште прилики но благодарение на Стекеленбург на голот нивната мрежа не се затресе.


Единствениот момент на инспирација на Ван Перси, значеше погодок за “портокаловите“ но ни по тој погодок не се разбуди заспаната холандската машинерија.

За пласман понатаму на холанѓаните ќе им биде потребна победа од два разлика против Португалија, но и пораз на Данска од Германија.

М.П.