Репзентациите на Германија и Португалија ги продолжуваат натпреварите во нокаут фазата на Европското првенство во Полска и Украина.
Германија во целост ја оправда фаворитската улога победувајќи ја Данска со 2-1. Подолски и Бендер стрелаа прецизно за “елфот“, додека Крон Дели погоди за Данска.
Португалија, предводена од капитенот Роналдо ја совлада Холандија со идентични 2-1 и стави крај на маките на портокаловите. Ван дер Варт го отвори резултатот, но потоа на двапати погоди CR7, и “европските бразилци“ се во четвртфиналето.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com