Светскиот првак од 2003 година Германија не успеа да се пласира на завршницата од континенталниот собир во Данска следната година.

Во последната рунда на германците им требаше победа против Израел но и пораз на Чешка од Црна Гора.

Тоа сценарио не се оствари бидејќи Чешка не дозволи изненадување со Црна Гора, а пирово победа забележа Германија против Израел.

Ова е голем удар за германскиот ракомет откако пред една седмица Хамбург стигна до титулата во Лигата на Шампиони, а нема да учествуваат на завршницата од Европското првенство.

Мх.П.