Разиграната Германија со 4-2 ја здроби Грција и се пласираше во полуфиналето на Европскиот шампионат во Полска и Украина.


“Елфот“ доминираше во текот на сите 90 минути, упати 25 удари кон голот од кои 14 во рамките на голот, а четири завршија зад мрежата на Сифакис. Кога на ова ќе се придодадат уште десетте удари од аголот наспроти едниот на грците јасно е каков меч сме гледале.


До осмото полуфинале во својата богата историја , “панцирите“ ги одведоа погодоците на Лам во 39 минута, Кедеира во 61, Клосе со својот петти гол на европските шампионати и Реус во 74 минута.


Стрелци за грчката селекција беа  Самарас во 55 минута за моментално изедначување, и Салпингидис во 88 минута од пенал.

Противник на Германија во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот Италија – Англија.

М.П.