Репрезентацијата на Германија и се придружи на селекцијата на Чиле во финалето во Купот на Конфедерации. „Панцирите“ во 1/2 финалниот натпревар со 4-1 го совладаа Мексико. 

Актуелниот шампион во светот, Германија голем број од дилемите во полуфиналната пресметка реши во првите десет минути, кога со головите на Леон Горецка поведе со 2-0.

После еден час игра Тимо Вернер зголеми на 3-0. Во последните минути Мексико постигна почесен погодок преку Марко Фабијан, а точка не мечот стави Ами Јунес. 

Финалниот натпревар и мечот за бронзата се играат на 2 јули в недела со почеток во 20 односно 14 часот. 

OhridNews