Германија планира да воведе нов закон со кој жестоко ќе се пресмета со говорот на омраза на социјалните мрежи, како Facebook. Според овој предлог закон, социјалните мрежи ќе имаат обврска да ги отстрануваат заканувачките или клеветнички пораки, во спротивно ќе мораат да платат казна, дури и до 50 милиони евра.

„Овој нацрт закон поставува задолжителни насоки за начинот на кој операторите на социјалните мрежи ќе мора да се однесуваат кон поплаките и ги обврзува да ја бришат криминалната содржина“, соопшти во вторник германскиот министер за правосудство Хеико Маас. Покрај казната за компанијата, нејзиниот главен претставник лично ќе биде казнет со износ до пет милиони евра.

OhridNews
извор Макфакс