Денес во општина Охрид престојува шест члена делегација, од Сојузна Република Германија, предводена од член на парламентот.
Германската делегација се интересираше за развојот на земјоделските површини кои се наоѓаат во транзициски процес, развојот на селскиот и агротуризмот, проблемите со кои локалната самоуправа се среќава во процесот на руралниот развој и користењето на средствата од европските фондови, како и за политичките рамковни услови во врска со пристапниот процес во ЕУ. За таа цел со поддршка на Германската амбасада организирани се состаноци со релевантите национални институции и претставници на соодветни здруженија.
На средбата присуствуваа градоначалникот Јован Стојаноски, претставници на неговиот кабинет и на Секторот за туризам и локален економски развој. Покрај краткото преставување на Охрид и неговите потенцијали, акцентот беше ставен на состојбите во руралниот развој како дел од целокупниот развој на општината и можностите за меѓусебна соработка во размена на искуства и практики како и стручна и консултативна помош во имплементација на идните развојни активности.
Посетата беше организирана со поддршка на Германската амбасада, во Република Македонија.
OhridNews













