Градоначалникот Александар Петрески , денеска ја прими германската  делегација од Северна Рајна Вествалија , предводена од Хелмут Дуда , бизнисмен и претставник на Здружението за Охридско- Рурско пријателство.

На средбата заеднички беше оценето  дека  Здружението за Охридско- Рурско пријателство е темел на долгогодишната соработка , особено на планот на туризмот и културата . Во иднина , како што беше речено , постои интерес за подобрување на бизнис соработката и привлекување инвеститори од Германија.

OhridNews