Претставниците на Локалната самоуправа , ја информираа амбасадорката Штајнакер за богатото културно историско минато , но и за стопанските и туристичките потенцијали на Охрид. При тоа, беше потенцирана досегашната поддршка на германската влада околу заштитата на Охридското Езеро и другата техничка помош што се реализираше преку ГИЗ програмата.
Германската амбасадорка Гудрум Штајнакер изрази подготвеност за поддршка на сегашните и идните проекти за заштитата на водните ресурси, развојот на туризмот и користење на претпристапните фондови на Европската унија. Посебно беше потенцирана подготвеноста на Германија за техничка помош за користење на средства од европските фондови ЛИДЕР за изработка на локална стратегија за рурален развој и формирање на локални акциони групи. Со реализирањето на овој проект Охрид ,ќе биде прва општина во Македонија која ќе има ваков стратешки документ.