Германската компанијата „Костал“ официјално ја започна реализацијата на најавената инвестиција во Македонија во вредност од 50 милиони евра, а која треба да отвори илјада работни места во Охридско-струшкиот регион. Според најавите, компанијата ќе стартуваат ќе работи во две фабрики, во објектот во поранешен ЕМО, како и во новата фабрика која ќе се изгради во индустриската зонаСтруга/Охрид каде што ќе произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија.

Договорот за реализација на инвестицијата на „Костaл“ денеска го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс.

Извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс рече дека по спроведеното истражување во многу земји за тоа какви услови нудат за инвестирање откриле дека Македонија е таа локација која им потребна, а Охрид и Струга им нудат многу предности за нивниот иден бизнис.

– Ова е важен ден за  „Костал“, затоа што денес ние почнуваме со вистинската работа, односно со проектот што беше договорен од 2013 година, рече Сандерс и додаде дека пред нив е светла иднина, тој истакна дека активностите за реализација на инвестицијата ќе почнат во наредните неколку недели и дека веќе на обука се ангажирани 10 вработени.

Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо појасни дека „Костал“ ќе работи во објект од поранешно ЕМО од 6.000 метри квадратни кој го има земено под закуп на пет години.

– Ќе се реализираат две паралелни инвестиции. Едната ќе функционира во слободната економска зона за производство на електронски компоненти во автомобилската индустрија, а втората во постоечкиот објект каде што ќе се произведуваат разни производи, рече Мизо и додаде дека се преземаат сите активнсоти за да се дооформи индустриската зона која ќе биде прва според новите ингеренции кои ги има добиено за адаптирање, реновирање и за менаџирање со индустриска зона каде што комапниите освен „Костал“ ќе имаат можност да влезат во охридскиот регион.

Тој додаде дека во објектот на „Костал“ ќе бидат ангажирани поранешни вработени од ЕМО кои ќе почнат со обука, а производството се очекува да почне на почетокот на 2016 година.

„Костал“ постои 100 години, работи во 17 земји, има 16.000 вработени и во последните години двојно го зголеми својот раст и извонредно е позиционирана во автомобилската индустрија. Компанијата има годишен обрт од две милијарди евра.

OhridNews