Германскиот пратеник Рајнер Штинер смета дека Македонија треба да ги отпочне преговорите со Европската унија (ЕУ) и истовремено да преговара со Грција за решавањето на спорот за името, пренесува „Макфакс“. Според него, блокадата која и е наметната на Македонија е ирационална и вистинискиот пат за излез од ситуацијата е водење на паралелни преговори. 

„Јас сум целосно на страната на Македонија, не можам да ја сфатам грчката страна. Факт е дека Грција со години блокира и сметам дека ќе биде добро доколку европските држави и НАТО делуваат порешително. Уште подобро ќе биде доколку пак Македонија и натаму посилно покаже дека е посветена на европскит вредности. Последните месеци се говори дека во Македонија во игра повторно силно се вратените националните аргументи. Ова не ја прави состојбата поедностава, но и покрај тоа, се надевам на скора разврска“, изјавил Штинер за Деутсцхе Њелле.

Според Германецот, единствениот вистински пат за излез од статус-кво ситуацијата е еден вид на паралелни преговори, а не условени, и ова го поддржува со искуствата од другите пристапни процеси во кои имало паралелни преговори.

OhridNews