Во рамки на фестивалот “Охрид те сакам”, вечерва со почеток во 20 часот во големата сала на Општина Охрид ќе одржи концерт германскиот пијанист и композитор Мартин Минх.

Неговите интерпретации на ремек делата на музичката литература,како и на неговите авторски дела наиде на голем интерес во големите музички центри -Париз,Рим,Минхен, Мадрид.

Денес, за прв пат и охридската публика ќе има можност да ги слушне неговите извонредни интерпретации на познатите композиции на Равел-Болеро, Лист-Љубовен сон и Минх- Сентиментални валцери.

OhridNews