Кошаркарската репрезентација на Германија им се приклучи на Црна Гора, Хрватска, Украина и Италија, кои преку квалификациите изборија пласман на Евробаскетот кој во 2013 година ќе се одржи во Словенија.


Германците, во Б групата ја победија Бугарија и на две кола до крајот го обезбедија првото место во оваа конкуренција.

Германија заедно со Црна Гора, Хрватска и Италија има максимален ефект во досегашниот тек од квалификациите.

Изненадувачки во лоша позиција се наоѓаат актуелните светски вицешампиони Турците, кои загубија на домашен терен од Италија и само со две победи во последните две кола ќе изборат пласман на Евробаскетот.

Резултати:

Група А:
Израел-Исланд 92:75
Црна Гора-Естонија 76:67
Србија-Словачка 87:62

Табела: Црна Гора 8/0, Србија и Израел 5/3, Естонија 4/4, Словачка и Исланд 1/7

Група Б:
Азербејџан-Шведска 82:76
Германија-Бугарија 79:69

Табела: Германија 6/0, Азербејџан 4/3, Бугарија 3/4, Шведска 3/3, Луксембург 0/6

Група Ц:
Хрватска-Украина 84:80
Австрија-Унгарија 97:81
Табела: Хрватска 6/0, Украина 5/2, Австрија 2/4, Унгарија 2/3, Кипар 0/6

Група Д:
Грузија-БиХ 103:107
Холандија-Летонија 81:86

Табела: БиХ 5/2, Летонија 4/2, Грузија 4/2, Холандија 2/5, Романија 1/5

Група Е:
Финска-Полска 91:96
Швајцарија-Белгија 82:73
Табела: Полска 5/2, Финска 5/1, Швајцарија 3/4, Белгија 3/3, Албанија 0/6

Група Ф:
Турција-Италија 82:83
Чешка-Португалија 90:71
Табела: Италија 7/0, Чешка 5/2, Турција 3/3, Белорусија 1/5, Португалија