Граѓаните на Гевгелија кажаа „стоп“ за отворање нови рудници за злато на планината Кожув. Иницијативата беше преземена од невладината „Спас за Гевгелија“ и истата вроди со плод.
Од вкупно 19.459 жители на градот, гласале 13.384 граѓани со право на глас. Општинската изборна комисија информира дека „за“ гласале само 184 граѓани, додека останатите 13.097 биле против оваа идеја, имало и 184 неважечки ливчиња. Процентуално, само 1,1 од 100 проценти биле за спроведување на оваа идеја, додека, 1% биле против и останатите 97,9% биле негативно настроени кон оваа истата.
Клучните забелешки на набљудувачите на „ЦИВИЛ“ – Центар за слобода, за текот на Референдумот во Гевгелија до 19 часот се повеќе од технички карактер.
Од општинската изборна комисија наведоа дека од сега, па во наредните 24 часа течат роковите за жалби.
OhridNews