ГФК Охрид е жив, ракометарите на Охрид во резултатска криза
31.10.21 10:36
По фудбалерите на Охрид кои минуваат низ тежок период во првенството во Втората лига Запад, во резултатска криза влегоа и ракометарите на Охрид, кои го забележаа петтиот по ред пораз во Супер лигата.
По Вардар и првиот тим на Еурофарм, кои беа изразити фаворити, скалпот на охриѓани им го зедоа и Бутел, Металург и Пролет. По серијата порази „гладијаторите“ се на делба на 7-то место со Прилеп, со по 12 бодови. Токму Прилеп е следниот противник на Охрид на 11 ноември во салата Билјанини извори.
Фудбалерите на Охрид, пак, викендов ја прекинаа серијата порази во Велешта, каде со истоимената екипа одиграа нерешено 1:1. Ова е прв бод по подолго време во првенството за охриѓани, по стартната победа над Беса, по која ГФК Охрид забележа 7 порази. Токму Беса на гостим е следен противник на Охрид.
ФК Воска Спорт, пак, рутински забележа уште една победа. Вчера во Охрид падна Тетекс кој беше совладан со 2:0.
По 9 одиграни кола лидер во Втората лига Запад е Силекс со 25 бода, Воска е на второто место со 21 бод, а Охрид е последен со само 4 освоени бода.
По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално се одбележува на 29-ти септември, а годинава под мотото „DON’T MISS A BEAT”, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехаб...
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид во соработка со Планинската спасителната служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, на 03102026 година (сабота), го организираат традиционалното р...
Соработката меѓу институциите е од суштинско значење за унапредување на отпорноста на катастрофи во земјава и во поширокиот регион на Западен Балкан, истакна постојаниот претставник на УНДП во Маке...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.