ГФК Охрид Лихнидос ја прекинува соработката со фудбалерот Валентин Кочоски, соопшти вечерва второлигашот од Охрид.

Како причина за ваквата одлука, клубот наведува непрофесионално однесување на фудбалерот.

ГФК Охрид Лихнидос ја известува јавноста дека ја прекинува соработката со фудбалерот Валентин Кочоски, поради непрофесионално однесување кое не е во согласност со принципите, вредностите и дисциплината што ги негува нашиот клуб, се наведува во соопштението.

Од клубот посочуваат дека тимскиот дух, почитта и професионалниот однос секогаш ги ставаат на прво место.

Во соопштението не се наведуваат други детали за случајот.

OhridNews