ГФК Охрид Лихнидос ја освои есенската титула во Втората македонска фудбалска лига, откако во последното коло од есенскиот дел од првенството забележа значајна победа на гостувањето во Кочани против Осогово.

Охриѓани славеа со 2:0, со головите на Давид Матески во 7. минута и Абдулхади Јахја во 26. минута, со што ја потврдија одличната есенска полусезона.

Со овој триумф Охрид ја завршува есенската полусезона на првото место со 34 бодови, три повеќе од второпласираниот Пелистер (31). На третата позиција е Работнички со 28 бодови и натпревар помалку.

Во останатите натпревари од последното коло беа постигнати следните резултати:

Новаци – Шкупи 2:1
Тетекс – Брера 4:1
Еуромилк – Пелистер 0:2
Детонит – Работнички 0:0
Беласица – Камењане 3:1
Кожуф – Македонија ЃП 0:0

OhridNews
Фото: ГФК Охрид | Фејсбук