Екипата на Охрид забележа убедлив триумф над Големо Коњари во 28 коло од Втората лига и ја продолжи битката за мести кое води во баражот за пласман во 1 лига.

Попладнево на СРЦ „Билјанини извори“ Охрид славеше со 3:0 со головите на Стојан Попоски, Димитриј Димитриевски и Виктор Наумовски.

Во дербито на колото исполнето со многу тензии, сомнителни ситуации, прекини и црвени картони, Брегачница Штип и Шкендија Арачиново одиграа нерешено 1:1.

На табелата води Брегалница Штип со 65 бода колку што има и Скопје на второто место, следат Шкендија А. со 63 и Охрид со 62 бода.

До крајот на првенството остануваат уште две кола.

Г.М.