Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос ги започнаа подготовките за новата сезона. Од клубот велат влегуваат во новата сезона со јасна цел – ПРВА ЛИГА!

Со стартот на подготовките за сезоната 2025/26, нашиот клуб влегува во ново поглавје исполнето со енергија, посветеност и љубов кон фудбалот. Тимот веќе тренира со висок интензитет, со јасна цел – да ја донесе радоста на фудбалот назад во нашиот град.

Посочуваат дека во следните недели ќе се одиграат неколку контролни натпревари кои ќе бидат клучни за подготовка на тимската игра и тактичкиот план.

Оваа сезона ќе биде наша – со вас, верните навивачи и РИБАРИ како наш 12-ти играч!, додаваат од клубот.

Инаку, тимот за новата сезона е засилен со играчите Димитриј Попоски, Андреј Симевски, Стојан Попоски, Димитриј Димитриевски, Иван Глигоров како и Леонид Кофиловски, а се врати и некогашниот капитен Дамјан Серафимов.

Н.С.Ј.

фото. ГФК Охрид