Поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, денес ја посети новата црква Свети Јован Крстител, што како донација на градежната компанија „Адора Инженеринг“ се гради во новиот парк со авион во модерата развиена општина Аеродром во Скопје.


Со ктиторот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на „Адора Инженеринг“, проф. д-р Валентина Божиновска, директор на Републичката комисија за односи со верските заедници и стручниот  тим кој работи на црквата, Архиепископот г.г. Стефан и свештениците на МПЦ ја разгледаа петкуполната црква, висока 15 метри и ги дефинираа деталите околу  изработка на финалните содржини и за поставување камбанарија и фонтана во нејзиниот двор.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан изрази задоволство што и овој дел на Скопје, на кејот на реката Вардар, ќе добие црковен храм за задоволување на верските и духовни потреби на жителите на општината Аеродром, а ктиторот д-р Ванчо Чифлиганец очекува црквата да биде завршена и осветена до православниот празник Свети Јован Крстител, 19 јануари 2013 година.


Проектот  вреден околу еден милион долари е дел од општествено одговорните практики на “Адора Инженеринг“ во општина Аеродром, Скопје, каде компанијата има најголеми инвестиции, со осум изградени елитни станбени објекти и два кои ќе почнат да се градат, а црковниот храм е дар за  700-те станари и нивните семејства, со што продолжува долгорочната стратегија за вложување во секоја општина, каде компанијата гради објекти во Македонија. 

OhridNews