Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс го одби повикот на Велшката федерација да го преземе кормилот на репрезентацијата.  Гигс требаше да го наследи Гери Спид кој изврши самоубиство во ноември минатата година.

Причина за одбивањето на поканата Гигс го наведува активното играње фудбал во дресот на “црвените ѓаволи“. Велс во групата за квалификациите на СП 2014,  е сместен во група  со Македонија, Србија, Хрватска и Белгија.

Мх.П.