Рајан Гигс е единствениот фудбалер со 13 титули во Премиер лигата. Единствено колку него титули има менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон. Велшанецот во победата над Астон Вила 3-0 учествуваше со две асистенции до Ван Перси.


– Кога ќе изгубите титула во последните секунди како ние лани, чувството да ја вратиш е неверојатно. Ние тоа го направивме во голем стил. Имавме голем број повреди сезонава посебно во одбраната. Но, сите фудбалери жртвувавме се и сешто да стигнеме од овој трофеј. Јас уживав. Ноќи како оваа на Олд Трафорд ме тераат да продолжам да играм фудбал – рече Гигс.

Пред месец дена Фергусон објави дека клубот го продолжи договорот со Гигс на уште една година и наредната сезона заедно ќе атакуваат на рекордната 14-та титула во најсилната англиска лига.

Мх.П.