Актуелниот шампион во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед се израмна со конкурентот за титула Манчестер Сити откако “црвените ѓаволи“ во 23-та рунда триумфираа над Стоук, а “граѓаните“ беа поразени од Евертон на Гудисон Парк. Избраниците на Сер Алекс Фергусон викендов гостуваат кај Челси на Стемфорд Бриџ, каде што незнаат за победа десет години, а во месец февруари ги очекува пеколен распоред во најсилната лига во Англија.


–    Ние покажавме разумна форма на гостувањата, ако одиграме добро овој месец  и издржиме на врвот од табелата, потоа работата е полесна – истакна легендата во дресот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс.


Велшанецот кој е на прагот да ја продолжи верноста со Јунајтед на уште една сезона , се осврна на враќањето на неговиот соиграч од младите години Пол Сколс.


–   Враќањето на Сколс во екипата ни ја зголеми самодовербата. Тој на тренинзите со резервите сеуште беше во форма, но ништо не наговестуваше на враќање на теренот. Не ни се веруваше кога Фергусон ни соопшти дека во составот за дуелот против Сити во ФА Купот е сврстен Пол Сколс – заврши Гигс.

Распоредот на Манчестер Јунајтед во месец февруар :

Премиер, 5 февруари :  Челси  – Мен Ју (г)
Премиер, 11 февруари :  Мен Ју – Ливерпул (д)
Лига Европа, 16 февруари :  Ајакс – Мен Ју (г)
Лига Европа, 23 февруари :  Мен Ју – Ајакс (д)
Премиер, 26 февруари :  Норвич – Мен Ју (г)
Мх.П.