Велшанецот во дресот на Манчестер
Јунајтед, Рајан Гигс на мечот со Норвич го запиша 900-от настап за
“црвените ѓаволи“. Со овој подвиг “единаесетката“ на Јунајтед, стана прв
фудбалер во Премиер Лигата што има одиграни толку натпревари . “Тежина“
на јубијелот добива дека Гигс сите 900 натпревари ги одигра за еден
клуб, Манчестер Јунајтед. “Црвените ѓаволи“ извојуваа победа над Норвич,
благодарение на погодок на Гигс во судиското продолжение.


Да одиграш 900 меча за клубот, кој го
сакам навивам е нешто посебно. Добро е што победивме на мечот и
останавме во игра за титулата
– потенцираше Рајан Гигс.

“Виновникот“ за “неуништливиот“ Рајан Гигс, секако е менаџерот на
“бебињата“ Сер Алекс Фергусон. Шкотланѓанецот цврсто веруваше во
квалитите на брзоногиот Гигс кој дебитараше на 17 години во тогашната
Лига 1, на мечот со Евертон на Олд Трафорд.

Подвигот на Гигс, нека е патоказ за сите фудбалери како се бранат боите на еден клуб. А голот, па тоа е чиста класика – истакна “стариот лисец“ Сер Алекс Фергусон.


На натпреварот со Норвич во листата на стрелци за запиша и Пол Сколс,
која е уште легенда на Манчестер Јунајтед. Прв пат по 2007 година Сколс и
Гигс постигнуваат погодок на ист меч, а таква (не)среќа имаа
“канаринците“.

Мх.П.