Членовите на „Центарот за културен проток АРТерија“ од Охрид, Стевчо Наумоски и Билјана Ангелеска, во сабота во кафе барот „Галерија“ на градскиот плоштад, ќе одржат изложба на фотографии.

Изложбата насловена како „Разговори“, која авторите уште ја најавуваат како гимнастика за културен живот, започнува во 20 часот.


OhridNews