Учениците од охридската гимназија ја завршуваат годината со високи успеси. Учениците Горазд Блажески и Кристијан Шишкоски II и III година независно еден од друг освоија сребрени почести на интернационалниот натпревар по математика „International Youth Math Challenge” -2021. Горазд и Кристијан ги освоија наградите во конкуренција од пет илјади и триста учесници од 98 земји.
Со бронзен медал се закитија учениците Нина Стевоска и Горазд Блажески во втора година на меѓународната изложба за иновации 42 МАКИНОВА 2021.
Третото место учениците го освоија со експериментот ЗВС драјвер и негова примена во конкуренција од 130 учесници распоредени во две категории.













