Преку новиот Веб-портал (www.gimnazijaohrid.com), со динамична , информативна содржина во иднина ќе ги дава сите информации преку соопштенија, вести и известувања поврзани со активностите на училиштето. Тука ќе може да се најдат сите информации за Државната матура , концепцијата и термините за спроведување во оваа учебна година , информации за интерните испити, уписите на ученици за новата учебна година, ранг-листите на запишаните ученици во прва година и многу други информации за јавноста. Тука е и линкот за поврзување со Е-дневникот кој се’ уште е во пробна фаза. Веб страната е поврзана со Facebook, како најраспространета социјална мрежа на младите, со цел модерниот начин на комуникација да биде присутен во нивното секојдневие.
Во изработката и администрирањето на овој Веб-портал учествуваа: Александар Лазаревски ученик во IV-7 и студентите – практиканти од новиот Универзитет за информатички науки и технологии „ Св. Апостол Павле“ – Охрид Георгиј Лазаревски, Боби Цветаноски и Армин Бахтијароски под менторство на професорката по информатика Жаклина Лазаревска.