Матурантите од Гимназија и Економско, вечерва ќе го прослават завршувањето на средното образование. Матурската прослава гимназијалците ќе ја одржат во х. „Десарет“. Традиционално и оваа година учесниците од охридската гимназија ќе бидат дел од големата матурска парада, што утре истовремено ќе се одржи во седумдесетина европски градови.

Вечерва матура ќе слават и учениците од Електро-машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“, кои ќе се забавуваат во х. „Белведере“.

Синоќа во х. „Славија Спектар“ матурата ја прославија учениците од средното угостителско училиште.

OhridNews