На 41-виот општински натпревар по прва помош, што се одржа денеска, во конкуренција на 27 екипи најуспешни и највешти  беа учениците од ОУ „Коцо Рацин“, кои го освоија првото место во конкуренцијата подмладок и младинската екипа на  ОСУ Св.Климент Охридски“-Гимназија, која воедно ќе го претставува Црвен крст Охрид на државниот натпревар по Прва помош кој ќе се одржи во септември во Скопје.
На натпреварот учество зедоа преку 260 млади од сите основни и средни училиста од Охрид и Дебрца, како и од приватното училиште „Јахја Кемал“. Тие успешно ги презентираа своите знаења во укажување прва помош на 7 пункта распоредени низ централното градско подрачје на Охрид, каде специјално обучени млади актери симулираа повреди здобиени во разни несреќи.
OhridNews